Болните за власт се оперирани од срам

by Фокус

Што реално треба да се очекува од пукањето на бомбата на Заев?

Прво, од документите штета ќе види Грујо колку што Али Ахмети виде штета од објавените документи дека бил соработник на српските тајни служби. Кој не памети како завршија лицата со псевдоними Ибар, Мама, Вујко да го потсетам дека ич ништо не им се случи.

Второ, од аудиоснимките кои Заев се очекува да ги објави, ќар ќе има Заев, а Груевски штета колку што имаше од снимката за „Македонска банка“. А тоа, пак, сите паметиме како заврши и дека ќар имаше токму Груевски со 50.000 евра кои Заев беше осуден да му ги плати.

Останува само третата опција: објавување на компромитирачки видеоснимки, чија веродостојност не може да се побие оти буквално, ќе може секој со свои очи да ја види.

Но, што и со тоа?

Ако снимките се однесуваат на соработниците на Грујо, тој од нив глатко ќе се ослободи, ко да не ги познавал и не знаел што прават. Ако пак на снимките е Пастирот лично…

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”