Без нервози, Ахмети ќе си легне на брашното

by fokus

Али Ахмети е насоне. Не ги чита сигналите од своето обично гласачко тело. Стегнат во менгемето од неговите забегани функционери и функционерчиња, блиски негови соработници за кои и тој самиот знае дека ги имаат длабоко брцнато прстите во медот, Ахмети се обидува да го извлече максимумот од ситуацијата. Интимно, тој најмногу би сакал да може да се приклони кон Груевски.

Таа варијанта му е и попозната и блиска и предвидлива. Со таа варијанта не ќе мора да „жртвува“ ни еден од  своите блиски сопартијци кои не сакаат да чујат за СДСМ баш поради „заканата“ од СДСМ дека добро ќе ги проветри сите канцеларии: од министерства до јавни претпријатија, од државни секретари  до функционери од средниот ред, и ќе почне фуриозно да го турка проектот под реден број 1: „Гонење на криминалот“.

Пишува
Ана ПАНОВСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”