Беше април, стана јуни, големи забуни

by Фокус

Некои земји чекаат мир, некои подобри денови, некои земјата да им стане рај, Македонија чека извештај.

Веројатно вака некако во една реченица би требало да биде описот за нашата земја, а последниот извештај што го чекавме и дочекавме беше тој дека не се исполнети условите предвремените избори да се одржат на многуспомнуваниот 24 април.

А веројатно тоа нема да биде последното чекање затоа што и Македонија и во Македонија многу се чека. И за работи за кои никој во ниедна земја не чека.

Така, ако по една реченица за опис би требало само една слика за илустрација, тоа најверојатно би била некоја фотографија од некоја од запоставените и со години неодржувани чекалници по градовите и селата во нашата ни земја.

Надежта за слобода и правдина во Македонија е како пролетта во Македонија. Понекогаш рано во зима се пројавува, потоа пак се губи, потоа лажно се пројавува и само заби покажува, потоа пак се повлекува.

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”