Барем по „Хорхизмите“ од „Мудротеката“ ќе го памтиме!

by Фокус 14:11
14:11

„Хорхизмите“ на претседателот на резиденцијата станаа вистински „евергрин“ хит. Ептен попопуларни се. На воодушевеноста ѝ нема крај. Премудрите мисли, бисери и „гафови“ веќе ги сметаат за „Светско, а наше!“. Луѓето се горди што и Македонија има „smart power“ од глобално значење, углед, а и влијание. Така е тоа.

Човекот ја прави, но и ја расипува институцијата.

- Advertisements -

Јавноста е цврсто убедена дека претседателот Иванов со државничките му работи во тој стил и ќе продолжи. И ќе нѐ забавува, и ќе нѐ засмејува, но и расплачува – до солзи. Во духот на традицијата, како што доликува на вистински независен претседател, и во вториот мандат ќе продолжи да докажува дека на Македонија воопшто не ѝ треба претседател. Оти, ионака од него ништо нема да зависи.

Како и да е, „Мудротеката“ наречена „Хорхизми“ ќе продолжи да се полни, проширува и збогатува. Од ден на ден. Барем тука нема место за загриженост. „Продавницата“ на популистичкиот патриотизам спакуван во национално-романтичарските „обланди“ ќе работи 24/7. А цените? Поевтино од џабе.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”