Во турбофолк-држава, на власт може да се дојде само со кафеанска политика!

by Фокус 14:22
14:22

Доаѓа есен и најверојатно реториката на опозицијата пак ќе биде во стилот „Грујо е фашист, ја презадолжи државата, ова е режим, нема демократија, има корупција, барокот е грд стил“ и слични изџвакани теми кои осум години ги вергла СДСМ и осум години ништо од нив ќар нема видено. Зар и деветта година пак за тоа ќе зборат? Уште колку пати треба да изгубат на избори за да изберат еднаш веќе конечно да се ослободат од губитничкиот менталитет?

До кога, побогу, до кога нашата опозиција ќе свири џез во државата во која мнозинството гласачи сакаат да чујат турбо-фолк? Можеби проблемот е во тоа што ако СДСМ почне да свири политички турбофолк ќе го изгуби својот идентитет? Па, што, Грујо го смени од корен идентитетот на Љубчовата ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на државата, па гледам, осум години – да не му фали нешто?

- Advertisements -

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”