„Архипелаг Гру-лаг“ и „Дрндупка држава“

by Фокус

Конечно, Македонија стана лидер не само во регионот, туку – во светот! Власта повеќе години прислушувала повеќе од 20.000 граѓани. Велат, дури и – 26.000.

Ова е досега најуспешниот „неуспех“ што власта го оствари! Ваквиот планетарен „подвиг“ нема зборови со кои може да се опише.

Досега речиси сѐ беше „Двојна нула“, „Тотално фијаско“, „Катастрофа“… Сега веќе е – „Катаклизма“…

Власта создаде метастазирачки „Левиатан“ кој навлегол во секоја пора од државата и општеството, со цел да биде господар на нашите судбини и животи.

Плус, за две години, два „државни удари“ и обиди за рушење на уставниот поредок и две „афери“ и апсења за шпионажа со божемна вмешаност на странски служби!

Секогаш така биднува кога државата и власта се сфаќаат во стилот на „Фирер-штат“, односно „Јас – Партија – Држава“. Пречудно е во „чудесна“ Македонија!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”