Ахмети нема никаков кредибилитет меѓу Албанците

by Фокус

Уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири предвидува дека наредните избори ќе го означат крајот на политичката доминација на Али Ахмети.

Според Зекири, Ахмети во последниве две години, со низа постапки, го изгуби кредибилитетот кај Албанците.

„Доколку БЕСА партијата на Села, РДК и крилото на ДУИ кое се очекува да се отцепи од партијата излезат со заедничка листа на наредните избори, јас сум длабоко уверен дека ДУИ ќе ги изгуби изборите.

Ахмети веќе нема никаков кредибилитет.

Се плаши да излезе на терен, го нема никаде, му дозволи на Груевски прв да отиде во Шипковица и во Речица.

Не знам место меѓу Албанците каде што не се критикуваат политиките на Ахмети. Од култна личност, тој себеси се доведе во 2015 година луѓето да го навредуваат и да го пцујат, како што не се случило со ниеден политички лидер на Албанците“, смета Зекири.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”