Филипче: ВМРО-ДПМНЕ живее во балон и не ја гледа реалноста

by irena 09:27
09:27

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашното гостување на Канал 5 тв зборуваше за растечкото незадоволство кај граѓаните од владата на ВМРО-ДПМНЕ и падот на нивната популарност кој веќе се забележува.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ паѓа со гласови, тоа анкетите не го покажуваат. Има сериозни тенденции на пад на популарноста на владата, незадоволство од тоа како се управува со државата“ рече Филипче.

Тој потсети дека јавноста веќе видела низа корупциски скандали, но дека уште поважно е влошувањето на животот на граѓаните.

„Ние само објавивме низа корупциски скандали, но факт е дека државата стагнира на секое поле. Тоа што паѓа стандардот на граѓаните, квалитетот на животот, цените што се во плафон си го прават своето. Немојте да мислите дека граѓаните тоа не го препознаваат и нема да го изразат на изборите“ истакна Филипче.

Според него, владата сериозно греши ако мисли дека незадоволството на граѓаните не се чувствува.

„Сметам дека многу греши владата и дека живее во некој балон, ако не ги гледа тие тенденции, тоа незадоволство од граѓаните“ нагласи Филипче.

Слични вести