Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има огромен грев кон Скопје поради Арсовска

by irena 08:29
08:29

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека партијата чиј лидер е води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои, како што рече, до денес не се реализирани.

Лидерот на СДСМ, исто така, истакна дека СДСМ немало скриени намери во кампањата, туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.

Тој верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата.

Претседателот на СДСМ ги повика граѓаните да излезат на гласање и да одлучат како ќе се развиваат нивните општини, притоа напоменувајќи дека граѓаните веќе почувствуваа што значи лош избор спомнувајќи ја градоначалничката на Скопје, но и останатите градоначалници на ДПМНЕ кои реализираа само 30 проценти од ветената програма.

-Мислам дека е многу важно да излезат на гласање. Мислам дека тоа е единствениот начин да влијаат на тоа како ќе се развиваат нивните средини за живеење. Видовме како се живее во Скопје, благодарение на борбата, лошиот избор на ВМРО-ДПМНЕ, нивните непринципиелни коалиции и откако се скараа со градоначалничката градот е целосно блокиран. Тука мислам дека огромен грев имаат кон Скопје, да ништо не е мрднато напред, а и во другите градови, кај што програмата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не е реализирана ни повеќе од 30%, наспроти нашите градоначалници кои ќе имаат близу 100% реализирана програма. Така дека граѓаните да излезат на гласање, тоа е нивна одговорност, ние сите бираме во какви средини, во каква држава ќе живееме, потенцираше Филипче во Сител.

Слични вести