Филипче: Што направи Мицкоски за таканаречениот ресет во системот?

by vlatko 20:43
20:43

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, посочи дека инструментите за ресет на било кој систем се во рацете на владата и на премиерот, а премиерот Христијан Мицкоски, според него, ништо нема да направено по тој основ.

-Што направи премиерот за да го направи таканаречениот ресет и што за него подразбира ресет во системот. Како и во секоја сфера? Има и чесни професионалци во судството, има и корумпирани луѓе. Што е целта? Целта е да се направат реформи кои што не само што се напишани на хартија, тие се мислам и нацртани и наједноставно е да се спроведат во реформите во судскиот систем, затоа што точно се знае што треба да се направи – рече Филипче на Сител.

Тој потенцираше дека во реформската агенда точно е наведено што треба да се направи, кои закони да се донесат, но за жал ниту еден досега не е поднесен во Собранието.

-Точно се знае кои закони треба да се донесат, точно се знае кои се временските рокови за тие закони да се донесат, точно се знае каков финансиски бенефит ќе има државата во милиони евра носејќи ги тие закони. Во реформската агенда има седум закони кои што требаше да се донесат до месец јуни, ниту еден закон не е ни поднесен во Собранието, дополнителни пет требаше до крајот на годината. Ниту тие не се поднесени во Собранието – рече Филипче.

Слични вести