Филипче: СДСМ нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат

by irena 11:48
11:48

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика гласачите наклонети на оваа партија да гласаат по свое убедување и според вредностите за кои се залагаат, јасно нагласувајќи дека нема намера да навлегува во никакви констелации и заткулисни договори околу вториот круг на изборите.

Тој фотографијата на кандидатката за градоначалник за Карпош, Маја Мојсовска, со Сотир Лукровски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја препиша на „политичко неискуство“ , најавувајќи дека со неа денес ќе има средба, иако таа веќе се огради преку социјалните мрежи од можноста да му дава поддршка против Стевчо Јакимовски, опозициски кандидат.

Филипче притоа ги повика гласачите да излезат масовно и да гласаат за нивните кандидати, оценувајќи дека гласањето е најсилен протест за она што се случува во државата.

-Барам максимална поддршка за кандидатите на СДСМ во вториот круг од локалните избори, рече Филипче порачувајќи дека тоа се луѓе кои нема да работат за поединци, нема да работат за него, туку за народот и со реални програми.

Слични вести