1
Од МВР информираа дека е уапсен бегалец кој се барал за издржување казна затвор од четири години.
-Денеска (16.09.2026) во 18:10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи Скопје, на подрачјето на Аеродром, со судска наредба го лишија од слобода З.П.(43) од Скопје. Лицето се барало со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од четири години, за кривично дело по член 131 од Кривичниот законик – „тешка телесна повреда“. З.П. е предаден во Полициската станица од општа надлежност Аеродром за понатамошна постапка, информираа од МВР.