Елон Маск најави формирање нова политичка партија во САД

by Fokus

Пред два дена, американскиот милијардер Елон Маск ги праша своите следбеници на X дали на САД им е потребна нова политичка партија. Причината за таквото соопштение е, секако, жестоката расправија што избувна меѓу него и Доналд Трамп.

„Дали е време да се создаде нова политичка партија во Америка која всушност ги претставува 80% од луѓето?“ праша Маск пред два дена.

Синоќа, Маск посочи дека тоа може да се случи.

„Народот се изјасни. На Америка ѝ е потребна нова политичка партија што ќе претставува 80 проценти од луѓето. И точно 80 проценти од луѓето се согласуваат дека е потребна нова партија. Ова е судбина“, напиша Маск.

Поврзани новости