Електродистрибуција: Поради инвестициски зафат утре 4 часа без струја ќе се неколку скопски населби

by irena 10:35
10:35

„Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 г. од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“ – соопштија денеска од Електродистрибуција.

Од таму велат дека во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје:

-Населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир
-Дел од Шуто Оризари
-Населба Бутел
-Цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“

Слични вести