Со камион на Комунална хигиена прегазена жена на пешачка патека во Белград

by irena 10:26
10:26

Грозоморна сцена ги потресе жителите на нов Белград денеска.

Според најновите информации од терен, во несреќа загина постара жена на околу 80 години.

Трагедијата се случи, како што информираат српските медиуми, во самото срце на станбениот блок, на патеката што води низ паркот и ја користат жителите за прошетка секој ден.

Возач на камион на Комунална хигиена се движел наназад.

„Камионот е огромен, а патеката е тесна. Жената одеше полека, веројатно не го слушна моторот. Возачот со задното тркало директно помина преку нејзината глава. Сцената беше толку ужасна што луѓето ги свртеа главите и врескаа“, изјави српски новинар кој се затекнал на местото на несреќата.

На местото на несреќата во моментов има бројни полициски патроли, а телото на несреќната жена е покриено со бел чаршаф покрај самото возило.

Форензичарите спроведуваат истрага со цел прецизно да се утврди аголот под кој се движел камионот и дали возачот имал помошник кој би го водел при движење наназад во зоната на зголемен ризик.

Камионите имаат огромни „слепи точки“, што во овој случај беше фатално за пешакот.

Возачот на камионот е тестиран на лице место и ќе биде приведен за да даде исказ во надлежното обвинителство.

Слични вести