Експлозија на дрон од Русија во Латвија, сличен инцидент и во Естонија

by irena 09:49
09:49

Дрон што влегол во латвискиот воздушен простор од Русија експлодирал во округот Краслава, на 13 километри од границата, објавија латвиските национални вооружени сили (НБС).

Премиерката на Латвија, Евика Силиња, потврди дека нема повредени цивили, ниту пак е предизвикана штета на цивилната инфраструктура, објави порталот Делфи.

Единиците на армијата, полицијата и граничната полиција интервенирале на лице место.

Бригадниот генерал Егилс Лешчинскис изјави дека дронот бил откриен утрово во 2:19 часот и експлодирал околу 2:39 часот, во близина на селото Добричин.

Друг неидентификуван објект, кој долетал од Белорусија, направил заобиколен пат и влегол во Русија.

Потеклото и производителот на дроновите во моментов се испитуваат, а воведени се и ограничувања за цивилниот воздушен сообраќај во пограничната област.

Сличен инцидент е регистриран и во Естонија, каде што дрон утрово удрил во оџакот на електраната „Овер“, но не е предизвикана никаква штета и никој не е повреден, објави I-Ar-Ar.

Естонската безбедносна полиција и Државното обвинителство го истражуваат инцидентот, додека деминерите се на местото на настанот.

Претходно, на 24 и 25 март, Украина го нападна пристаништето Уст-Луга со дронови, што е дел од поширокиот контекст на ескалација на конфликтите во регионот.

Безбедносните власти ги повикуваат граѓаните да се држат подалеку од остатоците од дроновите и да ги пријават на бројот 112, бидејќи тие можат да бидат експлозивни.

Слични вести