30
Екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, и неговата сопруга Снежана станаа родители, добија машко дете.
Синот се роди на празникот 8. Септември – Денот на независноста.
На социјалните мрежи, Костадинов ја сподели радосната вест:
„Добредојде на свет, наш Никола! Бог сакал да бидеш роден на овој прекрасен ден и засекогаш да си го славиш роденденот заедно со твојата Македонија.
Да си ни жив, здрав, среќен и од Бога благословен, сине! Честит 8 Септември, Ден на независноста, Честит празник Македонијо!“ напиша меѓу другото Костадинов.