Економскиот раст годинава се очекува да биде три проценти, а инфлацијата да се намалува, вели Славески

by Fokus

Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од околу четири проценти, вели гувернерот Трајко Славески во интервју за порталот „Пари“.  Додава дека основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување.

Главен носител на растот, вели Славески, се инвестициите, потпомогнато од најавениот јавен инфраструктурен циклус, но и од приливот на странски инвестиции и солидната кредитна поддршка на корпоративниот сектор од страна на банките.

„Минатата година, странските директни инвестиции достигнаа исклучително високо ниво од околу седум проценти од БДП, што сигурно ќе ѝ даде позитивен поттик на вкупната економија. Исто така, и на кредитниот пазар е видлива зголемената кредитна поддршка на компаниите. Она што можеме да го видиме преку податоците е постојаното зголемување и на расположливиот доход на населението и на кредитното финансирање на потрошувачката на домаќинствата. Оттаму, и оваа компонента на побарувачката ќе има позитивен придонес во растот“, посочи Славески.

Поврзани новости