233
Двомесечно бебе починало синоќа на детското одделение во Општата болница во Кавадарци, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци околу 21:35 часот. Бебето било хоспитализирано на 12 јануари годинава, но по два дена починало.
„И покрај укажаната медицинска помош и извршената реанимација од страна на лекарскиот тим, бебето починало. Смртта е констатирана од лекар“, додаваат од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатото бебе е дадено на обдукција.