Двојно убиство во кафуле во мал град во Германија – напаѓачот е во бегство

by irena 09:20
09:20

Во малото гратче Раунхајм во Германија се случи двојно убиство, а напаѓачот е во бегство.

Според полицијата, истрелите се испукани кон кафуле.

Областа околу кафулето е блокирана, а во тек е операција за пронаоѓање на напаѓачот.

„Според првите сознанија, вооружено лице влегло во кафулето околу 3:45 часот наутро и застрелало две лица. Двете лица им подлегнале на повредите на самото место“, објасни Кристоф Шмит, од полициската станица во Јужна Хесен – пренесува Билд.

Сторителот избегал.

Полицијата сè уште не објави мотив или позадина на злосторството.

Не е познато и дали е пронајдено оружјето што е употребено за извршување на убиствата.

Слични вести