Движење Беса: Централното собранието го распушти претседателството на партијата

by irena 20:44
20:44

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект.

Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.

Во оваа прилика, Собранието го овласти претседателот Билал Касами да продолжи со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци.

На состанокот на Собранието беше дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата. Членовите на собранието ја поддржаа изјавата на претседателот Касами дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.

Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.

Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип.

Слични вести