206
Две лица се потешко повредени во сообраќајната несрееќа што се случи доцна попладне на крстосницата кај Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ или поранешна Градска болница во Скопје
Како што пренесува МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во скопската Брза помош изјави дека во сообраќајката две лица се здобиле со потешки повреди.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека сообраќајката се случила околу 17:30 часот на раскрсницата кај Собранието.
„Сообраќајката се случи меѓу возила марка ‘ауди‘ и ‘алфа‘. Во тек е увид на местото на настанот“, се вели во соопштението од полицијата.
Две лица се пренесени за укажување помош во блиската болница, како и на скопските Клиники.
СПОДЕЛИ