Две девојки во Србија украдоа автобус, па со него завршија во канал

by irena 16:20
16:20

Две девојки на возраст од 22 и 19 години се приведени за кражба на автобус од паркингот на позната приватна компанија во српскиот град Обреновац.

Тие се осомничени дека вчера украле автобус, кој бил пронајден превртен во канал во селото Пироман, во близина на Обреновац, околу четири часот утрово.

Уапсените се обвинети за кривично дело неовластено користење на туѓо возило, што се казнува со парична казна или затворска казна до три години, а доколку неовластеното користење на возилото се случило со провала или навлегување во возилото, казната може да биде од шест месеци до пет години затвор, со дополнителна парична казна.

Двете девојки се ослободени по сослушувањето, а против нив се поднесени кривични пријави по редовна постапка.

Полицијата разговарала со сопственикот на автобусот, кој пријавил дека го нема возилото на паркингот.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што спровеле истрага и собрале траги што би можеле да помогнат во идентификувањето на сторителите.

Во тек е интензивна потрага по лица поврзани со овој случај.

За настанот е известено и Основното јавно обвинителство во Обреновац.

Слични вести