385
Две лица загинаа во напад со украински дрон во округот Зимовников во Ростовскиот регион, објави вршителот на должноста регионален гувернер Јуриј Сљусар.
„Во округот Зимовники, во близина на автопатот Зимовники – Ремонтное – Елиста, автомобил изгоре како резултат на напад со беспилотно летало“, се наведува во извештајот, објави агенцијата ТАСС.
Идентитетот на загинатите во моментов се утврдува, истакна вршителот на должноста гувернер.