Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија

by fokus

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа на автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, откако со мотоцикл удриле во заштитен ѕид покрај коловозот.

Според информациите од албанската полиција, инцидентот се случил на делницата Маќелари – Булќиза, во близина на месноста „Мостот Череница“. Мотоциклот со скопски регистарски таблички, при обид за непрописно претекнување, излетал од коловозот и удрил во заштитниот ѕид.

Повредените прво биле пренесени во болницата во Булќиза, каде што им била укажана прва помош, а потоа биле транспортирани во Клиниката за трауматологија во Тирана за натамошен специјализиран третман.

Поврзани новости