Во билтенот на МВР денеска има информации за два нови случаи на семејно насилство.
Како што информираат од МВР, утринава во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.03.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Утринава, пак, во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека синоќа околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.