157
Демократската унија за интеграција реагира на заедничкото појавување на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на увидот во работите во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, еден ден по средбата на Мицкоски со српскиот премиер, на која , како што велат од ДУИ, договорите што ги постигнаа остануваат надвор од очите на јавноста.
-Во екот на изборната кампања, станува сè појасно дека „ВЛЕН“ не е ништо повеќе од албанскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот нема потреба да кандидира кандидати во Тетово, Чаир, Гостивар, Струга и на други места, бидејќи кандидатите на „ВЛЕН“ се всушност негови политички кандидати.