112
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Иран е потпишан и дека неговата содржина ќе биде објавена по официјалното потпишување закажано за петок. Тој додаде дека Ормутскиот теснец потоа ќе биде целосно отворен за бродови.
Зборувајќи заедно со францускиот претседател Емануел Макрон пред состанокот на Г7 оваа недела, Трамп рече дека сè уште не знае дали лично ќе присуствува на церемонијата во Женева во петок, но потврди дека американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ќе биде таму.
-Договорот е целосно потпишан. А теснецот, како што знаете, е веќе делумно отворен – им рече Трамп на новинарите кратко по пристигнувањето во Евиан, Франција.