Димитриевски: ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделство, за министер го предлагаме Борче Серафимовски

by irena 19:31
19:31

Претседателот на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, потврди дека со владината реконструкција партијата ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во замена за Министерството за правда.

За нов министер е предложен Борче Серафимовски, актуелен државен секретар во Министерството за земјоделство. Димитриевски истакна дека станува збор за човек со академско, менаџерско и практично искуство, кој добро го познава системот и самиот се занимава со земјоделство.

Тој најави дека Горан Минчев ќе продолжи да раководи со Министерството за јавна администрација, а ЗНАМ во септември ќе добие и уште една заменик-министерска функција во влијателен ресор.

Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со владината реконструкција ЗНАМ ќе го добие ресорот Земјоделство, како и уште еден заменик-министер.

Слични вести