Димитриевски: Бадентеровото мнозинство ја доведува во прашање функционалноста на државата

by vlatko 21:02
21:02

Бадентеровото правило во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата, истакна денеска лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски, коментирајќи ја изјавата на министерот за правда Игор Филков дека Бадентеровото мнозинство се злоупотребува и оти можеби е време за негово ревидирање.

-Изјавата на министерот Филков се однесува исклучиво за функционалноста на Бадентеровото правило. За нас како политички субјект, Рамковниот договор е завршена работа, апсолвирана и тој во целост е исполнет и реализиран. Но факт е дека во одредени моменти правилото на Бадентер ја доведува во прашање функционалноста на државата и тоа веќе со потврда ќе го имаме по завршувањето на локалните избори – рече Димитриевски.

Слични вести