Девојче (12) падна од електричен тротинет, тешко повредена е однесена во болница

by irena 19:52
19:52

МВР информира дека синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци.

Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Слични вести