93
Девет лица се повредени за време на четвртата трка со бикови на фестивалот „Сан Фермин“ во Памплона, а шестмина од нив се пренесени во болница, соопштија денеска локалните здравствени служби.
Според прелиминарниот медицински извештај, меѓу хоспитализираните повредени лица има двајца мажи – 63-годишник од Навара со повреда на колкот и 60-годишник од Хаен со деформитет на левиот зглоб на раката; тие биле згрижени во болницата „Санто Доминго“, објави РТВЕ (RTVE).
Здравствените власти на Навара ги предупредија посетителите на фестивалот за високите температури и препорачаа избегнување на изложување на сонце во најжешкиот дел од денот, како и соодветна хидратација.