Десет лица од ЈП Комуналец Кичево повикани на разговор – одлагале отпад на дива депонија!

by irena 15:18
15:18

На 04.06..2025 година полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, а поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 230 од КЗ на РСМ („загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“) на разговор повикаа девет лицата вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево.

Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 230 и член 353 од КЗ на РСМ.

Известен е надлежен ЈО по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични вести