Денес сончево, утре облачно со пороен дожд

by irena 08:25
08:25

На првиот ден од викендов ќе се задржи сончевото и топло време. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 14 и максимална температура до 36 степени.

Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а потоа повторно следува период на претежно стабилно и топло време.

Слични вести