Делови од Сопиште и Карпош денеска без струја

by valentina 08:14
08:14

Од Центарот за управување со кризи информираат дека, според известување од ЕВН Македонија, денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Сопиште и Карпош.

Без струја во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе остане дел од корисниците во селото Варвара, во општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „4“ во населбата Бардовци, во општина Карпош.

Од ЕВН посочуваат дека станува збор за планирани прекини поради изведување технички активности на електродистрибутивната мрежа.

Слични вести