Де Брујне потпиша за Наполи

by Fokus

Пред малку актуелниот шампион на Италија, екипата на Наполи, објави дека и официјално Кевин Де Брујне е негов најнов член.

Она што беше најавено од поодамна, пред малку доби и официјализација, па Белгиецот наскоро ќе биде и претставен со дресот на Наполи.

Клубот преку социјалните мрежи се пофали со играчот кој многу ќе му помогне на тимот, затоа што едноставно е еден од топ пет офанзивците кои играле во последните десетина години.

Де Брујне мина долг период во Манчестер Сити, претходно и во Челзи односно Вердер Бремен, а време е очигледно да се испроба и во Серија А.

Поврзани новости