Данска и Германија ќе се борат за титулата на Европското ракометно првенство

by vlatko 23:31
23:31

Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28.

Данска до победата ја предводеше Матијас Гидсел со седум гола, Јохан Хансен постигна шест, а Симон Питлик пет гола. Најефикасен играч во исландската селекција беше Јанус Смарасон со осум гола.

Данска ќе се бори за титулата европски шампион со Германија, која претходно ја победи Хрватска во првото полуфинале со 31:28.

Слични вести