Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска, нов в.д. директор на болницата во Кочани

by Fokus

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската општа болница, потврди заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација.

– Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната рехабилитација, да биде таму, појасни Андовски.

Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство. Голем дел од повредените најпрво беа згрижени токму во кочанската болница.

Поврзани новости