Чувар украл кабли вредни 200.000 евра од подземен булевар во Центар

by irena 15:04
15:04

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра.

По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Слични вести