Член на Судски совет со одговор до Филков: Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор

by irena 19:55
19:55

„Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка“.

Ова на Фејсбук го напиша Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судски совет.

Оваа реакција доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков, јавно ги повика Судскиот совет и Совет на јавни обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител во врска со одлуката за куќен притвор за Артан Груби.

„Фокус“ уште синоќа пишуваше дека во случајот целата одговорност паѓа на грбот на скопското обвинителство, бидејќи тоа побара поблага мерка, а според законската регулатива, судот не може да изрече построга мерка од онаа што се бара.

Слични вести