Четворица Палестинци загинаа во израелско бомбардирање на Газа

by irena 14:43
14:43

Во израелското бомбардирање на Појасот Газа, и покрај прекинот на огнот, загинаа четворица Палестинци, објавија локалните здравствени власти.

Медицински извори велат дека нападот бил насочен кон група луѓе на улицата Јафа, во близина на населбата Дараџ во градот Газа, при што загинале четири лица, а неколку други биле ранети, пренесува Ројтерс.

Израелската армија објави дека нејзините сили во северниот дел на Газа извршиле напад и убиле членови на палестинска милитантна ќелија, која дејствувала во близина на армијата и претставувала непосредна закана.

Палестинската милитантна група Хамас и Израел се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето договорено минатиот октомври, со кое заврши двегодишната отворена војна.

Министерството за здравство во Газа вели дека најмалку 700 лица се убиени во израелски напади од почетокот на прекинот на огнот.

Израел тврди дека милитантите во Газа убиле четворица војници во истиот период.

Слични вести