117
Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршиле службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово.
Како што е наведено во полицискиот билтен, тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови.
Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.