Четири жени биле физички нападнати од сопрузите – следуваат кривични пријави

by irena 14:07
14:07

МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода П.А.(65) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна сопруга дека претходната вечер околу 21:00 часот во нивниот дом, физички ја нападнал и ѝ нанел повреди. Исто така, пријавено е дека тој во изминатиот период вршел физичко и психичко насилство врз нивната 49-годишна ќерка.

Тој е задржан во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Во 16:30 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријави дека на 13.09.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.П.(41). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Само 10 минути подоцна, во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.Џ.(43) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера доцна вечерта во 23:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.М.(28) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга.

Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести