МВР информира дека вчера попладне во 14:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат Тетово – с .Стримница, тетовско, А.Н.(46) од с. Фалише, тетовско, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Кратко време потоа, во 14:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(61) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(45) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Н.Б., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.