Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, вели Мицкоски

by valentina 16:15
16:15

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата будно ја следи состојбата со Иран и Израел и дека е активиран кризен штаб.

Одговарајќи на новинарско прашање, сепак Мицкоски не даде детали дали евентуално макеоднски државјани побарале евакуација.

Вчера, МНР апелираше сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Од Министерството истовремено апелираа сите наши државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.

Слични вести