Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

by vlatko 08:28
08:28

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат за градоначалник на предвремените локални избори, откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

Денеска според, податоците на Државната изборна комисија, ќе гласаат 88 болни и изнемоштени лица.

На изборите за градоначалник на Брвеница се гласа за шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати.

Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  Јовица Радески е од Коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини е од Коалиција ВРЕДИ, Аркин Јахији е од Национална алијанса за интеграција (НАИ), а има и двајца независни кандидати.

Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.

Утре избирачките места се отвораат во 7 часот и се гласа до 19:00 часот.

Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи, од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.

Слични вести