6
Бројот на жртви од масакрот во Грац се искачи на 11, потврдија од тамошната болницата.
„За жал, еден од двајцата тешко повредени возрасни почина во Универзитетската болница во Грац“, објавија од болницата.
Според неофицијални информации, починало женско лице.
Да потсетиме, во раните утрински часови, во училиште во Грац се случи масакр кога поранешен ученик (21) уби девет лица, рани неколку десетици, а потоа изврши самоубиство.
Полицијата ја претресе куќата на убиецот и пронајде проштално писмо во неговата соба. Сè уште не е познато што има во писмото.
Исто така, откриено е дека злосторството е извршено со два пиштола. Едниот бил купен легално, само неколку дена пред злосторството.