27
Полицијата во Катманду ги објави најновите податоци, според кои само во Непал загинале 1.007 лица.
Кина претходно пријави 16 смртни случаи во Тибет.
Властите соопштија дека многу од пронајдените тела биле тешко осакатени.
Се очекува бројот на загинати дополнително да се зголеми во наредните денови и недели.
Според портпаролот на полицијата, бројот на исчезнати лица во Непал се искачи на речиси 4.600.
Во Тибет сè уште се трага по околу 550 исчезнати лица.