Претрес во куќа во скопско Инџиково – пронајдена е дрога, уапсен 34 годишник

by irena 10:11
10:11

МВР информира дека рано утринава во 00:05 часот во с. Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с. Инџиково.

При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести