Брнабиќ за извозот на оружје во Израел: Жал ми е за војните, но мораме да го продадеме тоа што го произведуваме

by Fokus

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ во врска со критиките на властите за извоз на оружје во Израел изјави дека и е „жал за војните“, но дека Србија мора да ги продаде оружјето и муницијата што ги произведува.

„Оваа земја има своја наменска индустрија, таа е значаен фактор во нашата економија и поддржува десетици илјади семејства во Србија“, изјави Брнабиќ.

Таа оцени дека Србија „сигурно може да се гордее со својата наменска индустрија“.

„Но, знаете, наменската индустрија произведува муниција и оружје, кои обично се користи во војни. Да, ние ги извезуваме сите наши производи од наменската индустрија“, рече Брнабиќ.

Според неа, целокупното производство на српската наменска индустрија е резервирано со години однапред, што е добро за луѓето кои работат во таа област и за домашната економија.

Поврзани новости